Насилство во Аеродром, девојче фрлено низ прозорец во училиште

На 28 септември во училиште во Аеродром се случило насилство.

Како што соопшти МВР, пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.

Девојчето се здобило со телесни повреди.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -