Нашите емоции – пријател или непријател?

„Човекот не е она за кое што размислува, туку она што го мисли.” Оваа мисла објаснува зошто некои луѓе успеваат со сè што ќе замислат , со што и да се зафатат,  додека други, се соочуваат со серија препреки. Не е тешко да се избориме против нив, но е доста тешко е да ги сфатиме и совладаме бариерите внатре во нас .

Сериозен камен честопати се нашите емоции . Причината е тоа што тие имаат различна вибрациона сила и според своето место во хиерархијата можат да не влечат кон назад како товар, кој го носиме на грбот или да не креваат на повисоки нивоа на свест и реализација.

Хиерархијата на емоциите според нивниот вибрационен ефект:

1. Благодарност – таа е моќна сила, која може да го промени не само однесувањето, туку и животот. Преку неа ние се фокусираме на она што го имаме и тоа станува се повеќе, се множи. Соодветно на тоа, ако го исклучите умот од постојано размислување за недостатоците – она што го немате, истите се намалуваат и стануваат се помалку. Благодарноста е секојдневна практика на највлијателните и богати луѓе во светот. Таа е моќна техника за излез од тешки ситуации и затоа психолозите срдечно ја препорачуваат како особина.

Уште сега напишете на еден лист се за што сте благодарни – тоа дека сте здрави, дека имате работа, врска, дом, пријатели … Колку е подолга листата, толку подобро. Ако ви е тешко да наведете неколку работи за кои сте благодарни, значи дека е време да ги направите. Дали имате струја, топла вода, облека на грбот и уште многу во гардероба, храна на масата? А знаете ли колку многу луѓе живеат без да можат да се потпрат на овие благодети?

Пишувајте ги секој ден – наутро или навечер на ливче или во тетратка сите нешта за кои сте благодарни (или барем 10) и потоа верувајте дека по неколку месеци ќе се чувствувате како сосема поинаков човек. И ќе бидете таков. Благодарноста за сè што е убаво, привлекува уште од убавините.

2. Љубов – за да можете да ја давате на другите безусловно и безгранично, мора прво да ја привлечете кон себе. Можете да го давате само она што го имате – ако не носите љубов кон себе и сте подготвени постојано да се критикувате и омаловажувате, пристапот кон другите ќе ви биде ист.

Ова сепак не е безусловна љубов, туку таква, која зависи од одредени околности – те сакам, ако …, те сакам кога … разбираш дека сакаш вистински некого кога сфаќаш дека целта е тој да биде среќен – без разлика дали е со вас или без вас, без разлика дали ви се допаѓаат изборите кои што ги прави. Оваа тема често подлежи на несогласувања, со оглед на тоа што бројни психолози тврдат дека не постои несебичен човек. Па и кога го правиме најдоброто повторно имаме некој личен бенефит од одлуката која што сме ја превземале, макар и се работело за да си докажеме нешто на себе, преку гестот да си потврдиме дека сме добра личност, да очекуваме пофалба. Дали љубовта излегува од оваа рамка? Веројатно не. Дали може да биде безрезервна, без да очекуваме ништо за возврат, без да сакаме да добиеме потврда? Веројатно тешко.

emotions_face

3. Среќа – одговараме само и единствено за сопствената среќа – не за таа на партнерот, родителите, колегите и пријателите, па дури и не за онаа на своите деца. Дали ќе бидете среќен или несреќен, е прашање на избор, бидејќи како ќе реагираш врз конкретната ситуација, е прашање на перспектива.

4. Верување – ако не веруваме во љубовта и во среќата, нема како да живееме. Довербата во законите на универзумот и во постоењето на глобален план, од кое што сме ние дел, се е во основата на тоа да живееш со леснотија.

5. Спокојство – ако си во рамнотежа со себе и го слушаш внатрешниот глас, многу малку работи кои доаѓаат однадвор, можат да те извадат од твојот центар.

6. Интерес – да си со отворени сетила кон можностите, да си гладен за знаење и достигнувања, е главниот двигател кон тоа да се обвистинат чудата во животот.

7. Гнев – тој разјадува одвнатре и заслепува. Простувањето е лекот за него. За да можеш да го дадеш на другите, мораш прво да си простиш сам на себе – за грешките, за неуспесите, за моментите во кои си се извисил самиот.

8. Вина – таа те влече кон назад и те разјадува. Погледни кон работите кои си ги направил и разбери ги. Нема како да се живее повторно минатото, но ако си дозволиш да ја оставиш вината и да тргнеш напред, можеш да оставиш трага.

9. Навреда – можеби ви се допаѓа да ве фалат, но критиката некогаш умее да вроди со плод – со повеќето луѓе е така. Ако погледнеш на навредата како на негативна повратна врска, вибрацијата ти се менува. Не заборавај дека луѓето го гледаат во другите само она што тие самите го носат.

10. Немоќ – во психологијата има термин “излитена беспомошност” – тоа значи да ја бараш причината за она што ти се случува само во себе и да бидеш уверен дека за ништо не  те бива и не можеш да излезеш од ситуацијата, да го промениш животот, да престанеш да се обидуваш. Излез секогаш има. Поентата е да си дозволиш да го видиш. Важно е да знаете дека секоја негативна емоција во скалата може да се конвертира преку благодарноста и љубовта. Ако ги пуштите во животот, работите кои ве трујат, ќе се стопат, бидејќи реалност не постои, ја создавате вие самите.

zid

- Реклама -