Населението на Земјата се зголеми за 1 процент во 2013 година

Населението на Земјата се зголеми за 1 отсто  во 2013 година.Тоа значи дека на планетата Земја веќе живеат 7 137 577 750 лица , информираат  од страна на Бирото за попис на населението на САД .

Зголемувањето спрема 1 јануари 2013 година е од 77 630 563 лица или 1.1 отсто . Најголем раст на населението во 2013 година изнесува Индија со покачување од 15,6 милиони лица .

Понатаму следат Кина , Нигерија , Пакистан и Етиопија , кои го сочинуваат  топ 5 . Населението на Земјата се очекува да достигне 8 милијарди лица во 2025 година.

Во светот ќе има речиси 11 милијарди лица во 2100 година , а скоро 3 милијарди од нив ќе имаат над 60 години , посочи  извештајот на ОН .

- Реклама -