И покрај неодамнешниот поларен вортекс и напорите на некои да ја покажат ситуацијата поинаку, глобалното затоплување навистина се случува. НАСА и НОАА ги потврдија тие податоци дека 10 најтопли години се случиле по 2000-та година.
Дури 97 проценти од научниците кои се занимаваат со климатологија веруваат дека климатските промени се случуваат поради човековото влијание. Се чини дека нашата планета е во уште поголема опасност отколку штп неколкумина научници досега мислеле.
НАСА Институтот за вселенски студии Годард, објави визуелизација на последните 60 години од глобалното затоплување. На сликата јасно се гледа дека климата на Земјата е значајно променета и дека промената е драматична.
Погледнете го видеото.