Високотехнолошките нараквици претставуваат најнов хит за многумина кои сакаат да внимаваат на своето здравје, храната која ја јадат, па дури и сексуалниот живот.
Само со еден поглед на податоците, вашиот партнер може да дознае дали сте имале секс и колку бил возбудлив истиот.
Ова истовремено значи и крај за лажните оргазми бидејќи оваа нараквица ги следи сите податоци од минута во минута.
Поединечните уреди се така дизајнирани што можете да ги носите цело врме, па дури и под тушот. Всушност, се очекува дека наредната генерација на овие нараквици ќе дојде во облик на фластери кои никогаш нема да морате да ги извадите.