Направете природен антибиотик од пет состојки за помалку од 100 денари

Во текот на зимскиот период кога помалку се движиме а повеќе јадеме, нашиот имунитетен систем слабее и станува помалку отпорен на надворешните фактори.

Затоа клуч за здрав организам е да се зацврсти и појача имунитетот за да се подготви за сезоната на настинки и грип, а во тоа најмногу помага природните сојузници на здравјето. За тоа ви потребни само пет природни продукта кои нема да ве чинат ни 100 денари, а резултатот е природен антибиотик кој ќе го штити вашиот имунитет и организам како најцврст оклоп.

Состојки:

– 1 чешне лук
– 2 лажици мед
– 2 лажици свежо рендан ѓумбир
– 1/2 лажици мелени чили пиперки
-1/2 лажици цимет
-1дл свеж исцеден сок од лимон

2013-12-03 12_46_28-Google Image Result for http___www.therebelpreppernetwork.com_wp-content_uploads

Подготовка:

1. Исцедете го лимонот и во него ставете ги сечканото чешне лук, ѓумбир, чили и цимет.

2. Сите состојки добро промешајте ги и на крај додајте го медот за да добиете густа смеса.

3. Подготвената смеса ставете ја во стаклен сад со поклопец и добро затворете го, и оставете така да стои три часа на собна температура, а после тоа, сирупот чувајте го во фрижидер.

Совет:

Земајте по една лажица од сирупот еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак за да се зајакне имунолошкиот систем. Ако сте веќе болни или настинати, земајте од сирупот три пати дневно пред секој оброк.

- Реклама -