Верувале или не, чипсот од компир е мошне лесно да си го приготвите и во домашни услови. За подготовката ви е потребно само свеж компир, растително масло и сол. Но, доколку преферирате покомплексни грицки, при подготовката вметнете и пармeзан, зачин од лук, чили, и слични закуски.
1. Исечкајте го компирот на тенки плочки рачно или со помош на ренде. Што потенки се кришките, толку финалниот производ ќе биде покрцкав.
2. Наместете ги тенките кришки на хартија за печење, намачкајте ги со масло и зачинете со омилените зачини.
3. Брзината на печењето на домашниот чипс ќе ви ја загарантира микробрановата печка. Ставете ја хартијата со тенки кришки од компир во микробранова на пет минути и уживајте во солениот крцкав деликатес.
Во видеото можете да погледнете детално како тече подготовката: