26 луѓе загинаа, а 20 беа повредени по масакрот што се случи во Првата баптистичка црква во близина на Сан Антонио во Тексас.
Десет од повредените лица се во критична состојба, откако напаѓачот Девин Патрик Кели пукал во црквата. Терористичките мотиви се исклучени, исто како и расистичките и верските.
Според досегашните наводи на истрагата, напаѓачот од Тексас бил мотивиран од низа на семејни несогласувања. Неговата мајка често ја посетувала црквата каде се случил нападот.
Тој во црквата во Тексас дошол опремен со панцир и пушка од марката „ругер“, што значи дека бил подготвен дека некој ќе возврати.
Во селото живеат вкупно 400 жители и може да се каже дека во секое семејство има најмалку по еден член кој загинал или е повреден во оваа престрелка.