Актерите Џаред Лето и Елен Пејџ беа прогласени за најсекси личности.Ѕвездата од „Клубот на купувачите од Далас” ја освои машката статуетка на организацијата за заштита на животните ПЕТА.
Неодамна 42-годишниот Лето објасни дека неговиот младолик изглед се должи токму на исхраната без месо.
Тој изјави дека во изминатите 20 години е вегетаријанец и не престанува да се грижи за себе.
Во меѓувреме 27-годишната Пејџ ја освои титулата меѓу жените, следејќи го примерот на Леона Луис, Оливија Вајлд, Натали Портман и др.