Најубавите цитати за Божиќ

4_1419448096

Што е Божиќ? Тоа е нежноста на деновите кои поминале, вредноста на сегашноста и очекувањата за иднината”, вели Агнес Фаро.

Ви претставуваме уште 15 мисли во духот на празниците.

1. “Божиќ мавта со магично стапче над светот и прави сè да изгледа подобро и поубаво.” – Норман Винсент Пил

2. “Постојат два начина да се доживее својот живот. Едниот е да мислите дека чудата не постојат, а другиот е да верувате дека секое нешто е чудо.” – Алберт Ајнштајн

3. “Божиќ не е само датум. Божиќ е состојба на духот.” – Мери Елен Чејс

4. “Ќе го носам Божиќ во срцето и ќе се трудам да го зачувувам во текот на цела година.” – Чарлс Дикенс

5. “Божиќ е секој пат кога ќе му дозволиме на Бог да сака преку нас и секој пат штом нудиме помош со насмевка на лицето.” – Мајка Тереза

6. “Божиќ е ден на смислата и традициите, специјален ден поминат во топлиот круг на семејството и пријателите.” – Маргарет Тачер

7. “Божиќ не е сезона. Тоа е чувство.” – Една Фербер

8. “Божиќ е она време во годината кога не фаќа носталгија за дома, дури и кога сме дома.” – Карл Нелсон

9. “Не грижи се за големината на Божиќното дрво. Во очите на децата сите изгледаат подеднакво огромни.” – Лери Вајлд

10. “Посакувам да можеше да конзервирам во тегли Божиќно расположение и да отвориме по еден секој месец.” – Харлан Милер

11. “Од дом во дом, од срцето на срцето, од едно место на друго. Топлината и радоста на Божиќ не приближуваат поблиску еден до друг.” – Емили Метјуз

12. “Слепиот човек по Божиќ е оној што не го пронашол Дедо Мраз во своето срце.” – Хелен Келер

13. “На Божиќ играјте, бидејќи Божиќ се случува само еднаш годишно.” – Томас Буба

14. “Божиќ, детето во мене е во акција. Секој пат кога ние сакаме, секој пат ние даваме од себе, сега е Божиќ.” – Дејл Еванс Роџерс

15. “Можеби најдобрата декорација за Божиќ се многуте насмевки.” – Анонимен автор

- Реклама -