Убави хотели, прекрасни острови и возбудливи градови – што повеќе му треба на човек за совршен одмор? Читателите на американското списание Travel + Leisure ја создадоа најдобрата селекција, со тоа што наградите World’s Best Awards се поделија и во категоријата „Најубавите острови во светот”.
Бел и мек песок, убави палми и кристално чиста вода – Воопшто не е изненадување дека Палаван (Филипини) е на првото место на листата.
Палаван (Филипини)
Речиси 2000 километри долго, навидум недопрено крајбрежје. Совршеноство до кое веќе може дури да се лета.
2. Боракај (Филипини)
Таканаречената „бела” плажа (White Beach) припаѓа на најубавите плажи во светот и се наоѓа на островот, голем само околу десет квадратни километри . Боракај е особено популарен меѓу нуркачите поради разновидноста на риби.
3. Мауи (Хаваи)
Најубавиот од Хавајските острови е еден вистински скапоцен камен со беспрекорни плажи, водопади и бујна шума. Над сето тоа, на надморска височина од 3057 метри, се наоѓа Халеакала – изумрен вулкан, по чиј што падини пасе добиток.
4. Санторини (Грција)
Еден од ѕвездени грчки острови од Киклади во Егејското Море. Со типичните за Санторини, сини и бели куќи, бели песочни плажи и длабоко синото море, островот ги комбинира во себе многуте желби на туристите за идеален одмор.
5. Островот на Принц Едвард (Канада)
Посетителите на островот ги фасцинираат прекрасните песочни плажи и живописни брегови, здивот на зајдисонцето, светлосните кули и песочните карпи.
6. Бали (Индонезија)
Бали е еден од најпопуларните далечни дестинации за туристи. Околу четири милиони посетители доаѓаат на островот секоја година, за да уживаат во палмите, плажите и најлуксузните хотели.
7. Кауаи (Хаваи)
Поради бујна вегетација, Кауаи е нарекуван „островот – градина”. Тој е најстариот остров на хавајскиот архипелаг. Таму не можете да видите бетонски блокови, бидејќи има забрана зградите да бидат повисоки од кокосово дрво.
8. Сицилија (Италија)
Најјужниот врв на Италија е дом на највисокиот активен вулкан во Европа. Пејсажите се живописни, виното е одлична, а на овој медитерански остров има прекрасни места. Таормина (на фотографијата) се наоѓа високо над Јонското Море и нуди прекрасен поглед.
9. Ко Самуи (Тајланд)
Времињата во кои ова место било тајна и непознато за туристите, одамна поминаа. Посетителите одат тука најмногу за да уживаат во рестораните со вкусна тајландска храна и убавините кои ги нуди третиот по големина остров во Тајланд.
10. Островите Галапагос (Еквадор)
Архипелагот се наоѓа на 1.000 километри од копното на Тихиот Океан. Можете да видите животни и растенија какви што нема никаде на друго место во светот. Островите Галапагос се природно чудо во средината на океанот.