Најубавите мисли на Џек Лондон

Џек Лондон е автор на над 50 книги и околу двесте раскази во кои ја опишува моќта на природата и борбата за опстанок во тешки услови.

„Никој не може да ја злоупотреби својата природа, без таа да се одмазди.“

***

„Не живеам заради она што светот го мисли за мене, туку заради тоа што јас го мислам за себе.”

***

„Животот не е прашање на тоа да имаш добри карти, туку понекогаш на тоа да изиграш со лошите карти добро.”

***

„Да фрлите нешто на кучето, не е милосрдие. Милосрдие е, ако споделите храна со кучето, кога сте гладни како него. “

***

„Знаете ли дека единствената цена, која животот ја има, е цената што тој сам си ја придава? Се разбира, и оваа цена е претерана, бидејќи животот е самобендисан. “

***

„Човекот со стап е законодавец, господар, кому треба да му се покоруваат, макар и да не е потребно да ја бараат неговата љубов.”

***

„Ограничениот ум ги забележува тесните граници само во другите.”

***

„Претпочитам да сум пепел пред прав. Претпочитам искрата да ми изгори во светол пламен, наместо да биде задушена од гниење. Претпочитам да бидам прекрасен метеор, а секој мој атом прекрасен сјај, пред планетата. Функцијата на човекот е да живее, не да постои. Не смеам да ги губам деновите, обидувајќи се да ги продолжам. Треба да го користам моето време. “

- Реклама -