Ова неверојатно луксузно одморалиште со 5 ѕвезди има освоено голем број на награди меѓу кои и неколку пати наградата „Најдобар хотел во светот“. „Conrad Rangali“ ресортот се протега на два одделни острови нудејќи широка палета на долги песочни плажи кои нудат неверојатно искуство. Одморалиштето изобилува со седум ресторани чиј изглед и услуга се на врвно ниво, и четири барови кои ќе ве осигураат дека секогаш до вас ќе имате можност да добиете освежителен тропски пијалок кога и да посакате да се разладите. За пејсажите и разните природни убавини и богатства нема потреба да се зборува, бидејќи самото тоа што се наоѓа на Малдивите кажува доволно.