Оваа необична конструкција се наоѓа во Полска, а за истата се тврди дека претставува најтесното живеалиште во светот. Заглавена помеѓу две кули во едно варшавско гето, оваа куќарка која наликува на капсула е широка само 152 cm.
Тесниот празен простор порано претставувал место кое се полнело со отпадоци и непотребни истрошени материјали, па архитектот Јакуб Шчезне, решил да го искористи попаметно дизајнирајќи ја „Керет“ куќата.
Овој минијатурен „апартман“ има три спрата кои се протегаат на вкупно 14 квадратни метри и ентериер кој варира од 72cm до 122 cm. Посетителите мораат да влезат преку скалила кои се спуштаат и водат нагоре кон главниот влез.
„Куќата не беше дизајнирана за да претставува дом. Таа повеќе беше изградена со цел да претставува мое засолниште, место каде престојува уметник, ателје“, вели Шчезне за истата.