Британски научници измислија флексибилна тастатура за компјутер, која е тенка како лист хартија, а секој дел од неа може да се претвори во површина од екран на допир, соопшти Daily mail. Компанијата Cambridge Silicon Radio (CSR) тврди дека оваа тастатура е најтенката во светот – со дебелина од половина милиметар.
Преку неа компанијата им пружа на корисниците „поглед на идните компјутерски интерфејс”, кои ќе бидат тенки како хартија, безжични и чувствителни на допир.
Уредот може да се користи за Smartphones и лап-топ, па така корисниците ќе можат да ја користат тастатурата во целост, кога пишуваат. Со нејзина помош ќе можат да се направат дури и скици.