Најстрмната железничка линија во светот

Железницата Пилатус во Швајцарија  ги поврзува Алпнахстад на езерото Луцерн со станица во близина на врвот на планината Пилатус на 2017 метри надморска височина . Таа искачува  повеќе од 1600 метри во само 4.6 км , што ја прави најстрмната  железничка линија во светот . Измислена е и остварена од инженерот Едвард Локер , кој тврди дека дури и при силен ветер нема никаква опасност возот да излета од шините.

3

 

Од 4 јуни 1889 година на неа се движат парни локомотиви , а на 15 мај 1937 година е електрифицирана . Старите патнички парни локомотиви се движеле по неа со просек 3 до 4 километри на час и стигнувале  до врвот за околу 60 минути.

1

 

Денешните електрични возови се искачуваат со 9 км / ч и пристигнуваат за  околу половина час . Линијата се уште ги користи оригиналните шини , кои веќе се страри над 100 години . Маршрутата се користи помеѓу мај и ноември , кога не е затрупан пределот  со снег , а возовите минуваат на секои 45 минути. Во зима пристапот се одвива преку жичарница .

[youtube]http://youtu.be/uim4Y1OIASk[/youtube]

- Реклама -