Со договор од 300 илјади евра колку што ќе добива неделно нејзиниот сопруг Герет Бејл, Ема Рајс Џонс е најсреќната жена на светот. Да е типична сопруга на богат фудбалер таа веднаш би тргнала во шопинг на скапи автомобили, облека, чевли…
Веста за доаѓањето на 24-годишниот велшки фудбалер Герет Бејл во мадридски Реал дефинитивно е најголемата актуелна приказна. Првенствено поради рекордно платената отштета во историјата на фудбалот, од 100 милиони евра, поради која ја доби титулата „најскап фудбалер во историјата“.
Неделно Реал ќе го плаќа Бејл 300 илјади евра.
И додека машкиот свет фантазира за тоа како е да се биде најскап фудбалер, женскиот дел сонува за богатството во кое ќе ужива неговата подобра половина, 23-годишната Ема Рајс Џонс, со кого ја има ќерката Алба.
Според британските медиуми Ема не е типична WAGs сопруга (термин што го користат британските таблоиди за сопругите и девојките на најбогатите фудбалери). Семејството ја опишува како тип на девојка која е посреќна во пижами и чаша вино во раката во домашна атмосфера отколку на луди забави. За неа велат дека е девојка која светлата на рефлекторите нема да ја сменат.
„Ема и Герет се нормални луѓе на кои им се случи нешто посебно. Ема е прекрасна девојка и заедно се одлична двојка“, изјавила за Дејли Мејл нивната сосетка Тереса.
Герет и Ема се заедно уште од средношколските денови, а дека нивната љубов се уште трае докажува и ритуалот на овој фудбалер кој по секој гол со прстите прави форма на срце кое е упатено до Ема.