Жените сакаат слатко.
Едноставно не можат да одолеат на сè што содржи шеќер. Проблемот е во тоа што некои од нас не можат да се наситат, што последователно се одразува на килограмите.
Денеска ќе ви понудиме диетален начин постојано да имате нешто слатко крај себе, односно врз себе.
Станува збор за овие реалистични модни детали, дело на полската сликарка Katarzyna Korporowicz. Тие се направени од полимерна глина и прикажуваат некои од нашите омилени десерти.
Така можете да носите сладоледни обетки, ѓердани во форма на бонбони или палачинки. И не само тоа…
Наздравје 😉