Најпознатите „plus size“ убавици кои со своите облини го освоија светот!

Големината не е важна- тие се горди на своите заводливи женски облини!
Тие често пати се нарекувани „plus size“ манекенки, но овие убавици од Велика Британија ги освоија срцата на обожавателите од целиот свет. Со својата самодоверба, убавина и женствени облини завршија на насловните страници на најпрестижите списанија и станаа познати имиња во манекенските води.

1. Робин Лоули
Оваа убавица има 26.000 следбеници на Твитер, 122.000 следбеници на Инстаграм и 81.949 „лајкови“ на Фејсбук. Робил Лоули е една од најпознатите „plus size“ модели на светот. Манекенката е со потекло од Сиднеј, а како „plus size“ модел се прославила кога заврши на насловната страна на магазинот „Sports Illustrated“. Со манекенство почнала да се занимава на 17 години, но не ѝ било лесно да остане слаба па нашла совршено решение.

Screenshot_7

2. Ешли Греам

Таа е една од најпознатите манекенки во светот на модата и многумина ја сакаат токму поради нејзините бујни облини. Ешли се појавува на насловните на голем број познати списанија како „Elle“ и „Vogue“, но и покрај модните успеси, често пати е на мета на критики дека нејзините облини не се убави.

„Бев премногу дебела, па бев послаба, бев премногу темна, а потоа премногу бела, а дури ми имаа кажано дека сум грда. Мора да имате „дебела кожа“ за да бидете „plus size“ манекенка“, рекла Ешли.

Screenshot_9

3. Витни Томпсон
Витни е исто така една од убавиците која светот го освои со своите бујни облини. Девојката од Флорида се прослави кога победи во 10-тата сезона на шоуто „America’s Next Top Model“. После тоа, таа работела на кампањите за „Forever 21“, „Converse One Star“, „Fashion Bug“ и многу други.

Screenshot_10

4. Тес Манстер
Тес Манстер е позната како Тес Холидеј, а се прослави во 2011 година кога „A&E“ ја избрале за документарната серија „Heavy“. За себе вели дека поттикнува позитивно гледање на сопственото тело, а италјанскиот Вог ја прогласи за една од најубавите „plus size“ манекенки на светот.

Screenshot_12

- Реклама -