Актерот Том Круз во моментов се наоѓа на суд каде води судска постапка против списанието Life & Style кое минатата година објави сторија во која пишуваше дека актерот ја напуштил својата ќерка Сури после разводот.
Воедно, актерот изјавил дека саентологијата одиграла најголема улога за разводот меѓу него и Кејти. Открил и како не ја видел својата ќерка 110 дена после разделувањето, а како што пишуваше магазинот, причина за тоа било што Кејти се плашела за својата ќерка дека можеби некој кој е дел од „неговата“ црква ќе и наштети.
„Сметам дека исказите на ова списание се навредливи бидејќи нема потреба некој да ја штити мојата ќерка од мојата религија“ изјавил Том. Кога адвокатката го прашала дали религијата имала удел во неговиот развод со Кејти актерот додал: „Секако, мојата посветеност на религијата е една од причините кои Кејти ги наведе како причина за распадот на бракот“.
Том бара 50 милиони оштета од списанието заради нарушување на неговиот углед. Иако одбраната тврдела дека Том не сакал да ја види својата ќерка и токму затоа не можел да најде време за неа после разводот, Том демантирал велелќи дека повторно го навредуваат со тоа што се сомневаат во неговите родителски вештини.