Научниците користејќи 3D скенирање го открија најдобриот начин да се држи хамбургер- а тајната е во користењето на малиот прст.
Нарачувањето на хамбургер секогаш е убаво искуство, но неговото јадење може да доведе до голем неред, и наместо во вашата уста, дел од него да заврши на вашето лице, раце, облека.
Но, научниците дошле до откритие како на совршен начин да се држи хамбургерот и да се избегне непријатното сценарио.
Тројца истражувачи- експерти во механика, инженерство и стоматологија- поминале четири месеци за да дојдат до совршеното решение.
Студијата била организирана од јапонско телевизиско шоу ‘Honma Dekka!?’ и вклучувало и 3D скенирање на хамбургер за да ги разберат како различните елементи работат заедно.
Повеќето луѓе го држат сендвичот користејќи ги нивните палци доле а пртите нагоре.
Но, јапонските податоци откриле дека оваа техника е сосема погрешна. Наместо тоа, тие открија дека употребувањето на палците и малите прсти да го држат долниот дел, додека со помош на средните три прсти да се држи горниот дел од сендвичот, ќе се избегне нередот.
Со ова, хамбургерот се дели на еднакви делови што значи дека може да се држи рамномерно, според извештајот објавен во Котаку.
Научниците предупредија да не се држи премногу цврсто во случај лепчето да се дроби и содржината да се истури.
Па вреди да се проба, можеби ќе импресирате некого на следниот оброк.