Амоу Хаџи (80) го избрал овој начин на живот по некои „емоционални пречки“.
Тој е слободен и е во потрага по љубов. Но, за да се освои неговото срце, ќе треба да се прифати неговиот прилично неконвенционален начин на живот.
Амоу Хаџи се нема измиено 60 години, затоа што верува дека ако е чист ќе се разболи, а неговата омилена храна е скапано бодликаво прасе.
За релаксација сака да седне и да пуши, од луле наполнето со животински измет.
Г-дин Хаџи вели дека го избрал овој начин на живот откако поминал низ некои емоционални проблеми во неговата младост и од тогаш- можеби очекувано- тој станал малку изолиран.
Неговиот дом се наоѓа во селото Деџах во јужната провинција на Фарс во Иран каде, еднаш група од млади луѓе му понудиле топол туш- но за среќа, тој успеал да избега.
Навечер или спие во дупка во земја, која наликува на гроб, или во отоврена колиба од тули, која околното население го изградило за него.
Како со чистотата, г-дин Хаџи исто така има аверзија кон чистата храна и пијалок. Тој преферира скапано месо од мртви животни и пет литри вода на ден од ‘рѓосана канта за масло.
Но, немојте да мислите дека г-дин Хаџи не се грижи за себе- кога сака да изгледа убаво тој употребува ретровизори за да се исчешла. А, кога му е потребно шишање, едноставно ги гори прамените.
Што се однесува до облеката, тој носи партали, а во зима носи воен шлем за да се заштити од студот.
Последниот рекорд за најдолго време поминато без бањање припаѓаше на 66-годишниот индиски маж, Каилаш Синг, кој не се бањал над 38 години. Се чини дека г-дин Хаџи го надмилал далеку во тоа.