И погодете кој не беше импресиониран од тоа…
Светските ѕвезди се собраа на гала вечерат во Њујорк, но една позната русокоса остана на подот… несфатена.
Секоја година Time magazin избира највлијателна славна личност, а оваа година на насловната страна се најде музичарот Канје Вест. Се разбира, најгорда беше неговата сопруга Ким Кардашијан.
Моќниот пар заедно пристигна на гала вечерата и се подготвувал да позира пред насобраните фоторепортери, но не помина се без драма.
Прво еден фотограф стапнал на сензационалниот фустан на Ким, а потоа комичарката Ејми Шумер (која инаку ги водеше и неодамнешните MTV Movie Awards) направи вистинско шоу кога буквално легна пред познатата двојка со цел да добие мало внимание- на шега, се разбира!
Тоа беше нејзиниот начин да „оддаде почест“ на најмоќната двојка, без разлика дали ја разбрале шегата или не. Ејми подоцна во вечерта се фотографирала со Ким, и сè поминало во пријателки тон.
На гала вечерата биле многу други познати личности, меѓу кои и дизајнерот Диан вон Фурстенберг, актерот Бредли Купер, супермоделот Наоми Кемпбел, и многу други.