Неименуван извор открил за британското издание на магазинот Grazia дека актерката во паника најмила терапевт за зајакнување на самодовербата, бидејќи и претстои средба со Бред и Анџелина на венчавката на Џорџ Клуни, пренесува Космополитен.
– Терапијата која би требало да и обезбеди поголема самодоверба не е новина за неа, бидејќи таа и порано се тешела со слични методи. Џенифер на венчавката ќе присуствува со својот дечко Џастин, но не се чувствува најдобро поради средбата со Бред и Анџелина. Терапијата ќе и помогне да ја зајакне самодовербата и да се ослободи од љубомората, рекол неименуван извор, близок на актерката.
Џенифер се разведе пред девет години, а со Бред и Анџелина се сретна само еднаш, на доделувањето на оскарите во 2009. година.