Во светот на шоу-бизнисот некои од приказните што искачаат во јавноста се само приказни, а некои се навистина точни. Ви претставуваме 10 најшокантни трачеви за познатите ѕвезди од кои некои и навистина се случиле.
1. Принц Хари
Црвенокосиот принц Хари не личи премногу на принцот Чарлс, па затоа имало гласини дека тој всушност е син на капетанот на кралската коњаница Џејмс Хјуит по наводната врска со принцезата Дијана. Но, Хари е роден 1984-та година, а Хјуит тврди дека неговата врска со принцезата Дијана започнала во 1986-та година. Братот на Дијана, Чарлс Спенсер и сестрата Леди Сара МекКоркодал исто така се црвенокоси, па вероватно Хари своите гени ги наследил од страна на мајка си.
2. Анџелина Џоли и Џејмс Хевен
Ако го бакнеш својот брат во уста во јавност, му кажеш дека го сакаш и сите одеднаш помислуваат дека спиете заедно! Баш тоа и го кажаа за Анџелина џоли и нејзиниот брат Џејмс Хевен по нивниот бакенж во уста на доделувањето на Оскарите во 2000 година. Двајцата веднаш негираа било каков несоодветен инцест-однос.
3. Опра Винфри
Опра многу често беше гледана во друштво на нејзината пријателка Гејл Кинг, а без придружба на нејзиниот партнер Стедман Греам, па дури и неа не ја изненадило тоа што луѓето мислат дека е геј. Опра и Гејл никогаш не ја криеле својата приврзаност која ја чуствуваат една спрема друга. „Работата е во тоа, ако ние сме навистина хомосексуалки, тоа би го признале“, изјавила Гејл.
4. Џорџ Клуни
Миленикот меѓу жените Џорџ Клуни, изјавил во едно интервју во 2012 година дека баш му е гајле ако другите луѓе мислат дека е геј. „Седата лисица“ одбива да први голема работа околу побивање на гласините, бидејќи „тоа би било нељубезно и нефер кон моите геј пријатели“, рекол Клуни.
5. Шер
Шер наводно отстранила две ребра за да изгледа потенка во половината! Со цел да ги побие гласините, го повикала британскиот пластичен хирург Ф.В. Николеа да ја прегледа и негира гласините. Рекла дека би ѝ се познавале лузни ако навистина го направила тоа.
6. Сури Круз
Кога се родила Сури во 2006-та година, започнале шпекулации дека таа не е биолошка ќерка на Том Круз, туку на поранешниот дечко на Кејт, Крис Кеин. Откако Кејт се запознала со Том по само еден месец откако ја прекинала врската со Крис, се шушкало дека уште тогаш била бремена. Исто така, почнале да се шират гласини дека Том е импотентен затоа што немале биолошки деца со својата поранешна сопруга Никол Кидман.
7. Бијонсе
Се сеќавате на гласините дека Бијонсе не е воопшто бремена, туку дека носи лажен стомак? Приказните се појавиле уште на MTV наградите кога пејачката открила дека е трудна, но нејзиниот стомак бил преголем за третиот месец од бременоста. Се шпекулирало за тоа и за време на нејзиниот настап на австралиската телевизија кога се чинеше дека нејзиниот стомак е смален. Но, Бијонсе само прокоментирала дека тие гласини не ја допреле и дека се целосно луди.
8. Џенифер Лопез
Постои нешто познато кога ќе се спомене Џеј Ло- нејзиниот задник! Џеј Ло го осигурала задникон на 300 милиони долари, а целото тело на една милијарда долари. Се шпекулирало дека познатата Џенифер правела пластична операција на својот задник. „Ми беше толку смешно кога тоа го слушнав“, одговорила со насмевка на лицето.
9. Ким Кардашиан
Уште еден „познат задник“ станал предмет на озборување. Ким Кардашиан знае кој ѝ е нејзиниот главен адут и не се срами да го истакне. Се шпекулирало дека го зголемила својот задник, но сето тоа го негирала кога во една епизода од своето реално шоу се согласи да оди на ренген каде пластичен хирург потврдил дека нејзиниот задник се целосно природен.
10. Oзи Озборн
и покрај бројните трачеви, на крај следи вистинска приказна! ози Озборн ја откинал главата на еден лилјак кој му прелетал на сцената за време на концерт во Ајова. Мислејќи дека е пластична играчка, Ози го загризал лилјакот за вратот, а кога сфатил што направил, веќе било касно.