Музичарите, актерите и најпознатите изведувачи секогаш имале чуден вкус за модата. Наречете ги „кул”, ексцентрични , хипи, чудни – како сакате, но факт е дека некои необични модни трендови беа масовно прифатени и оставија белег во историјата.
Ајде да бидеме искрени, никој, освен дизајнерката Елза Шиапарели и нејзините пријатели, не носеле капа – чизма. Во периодот кога таа го создала овој тренд, чудната капа се појавила во секој каталог, а модните робинки се тепале која ќе ја купи првата.
Панк рокерите од високата класа на 18 век биле карактеристични со мажи, кои носеле необична облека од типот „Моцарт” и говореле на специфичен начин. Згора на тоа, тие носеле и високи перики со мали капи на врвот. Трендот не траеше долго, но сепак остана запаметен во историјата.
Машките корсети во крајот на 18 век не влијаеле толку добро на самодовербата и визијата на посилниот пол. Тие биле принудени да носат корсети, за да ги скријат стомаците, па да ги собере во тесни кошули или маици.
Обувките на платформа, првично биле создадени за да ги штитат нозете од вода и кал, но куртизаните ги прифатиле како нова мода и ги претвориле во тренд.
Ваквите обувки не се само чевли на платформа, туку тие се буквално „мини – греди”. Жените кои ги носеле станувале повисоки од секој маж околу нив.