Еден од најголемите модни дизајнери на сите времиња, Оскар Де Ла Рента почина на 83 годишна возраст, само неколку недели откако ја дизајнираше венчаницата на Амал Клуни.
„Не сум заинтересиран во шок-тактиката. Јас само сакам да правам убава облека“, славно рекол Оскар во 1963 година.
Повеќе од пет декади, тој се има посветено на женската елеганција, што го направи непоколебливо омилен не само меѓу првите дами, но, исто така и на црвениот тепих.
„Неговата облека била присутна на повеќе додалувања на награди од Мерил Стрип“, се пошегувал Мајкл Блумберг додека го презентирал дизајнерот за награда за животно дело Couture Council во 2012 година.
Всушност, тешко е да се замисли актерка од А-листата кој не ја облекол. Низ годините, сите од Кендис Берген до Сандра Булок, Скарлет Јохансон, Кери Вашингтон, и Ејми Адамс ги носеле неговите креации на црвениот тепих.Оваа пролет, Сара Џесика Паркер својата долгогодишна посветеност на дизајнерот ја однесе на следно ниво, кога побара од него да го навезе својот потпис на нејзиниот црно-бел фустан кој го носеше на Мет Гала вечерата. „Тоа беше моја идеја“, изјави таа за Vanity Fair. „Тој никогаш во милион години не би го направил тоа, премногу е скромен“.
Оскар во 2006 година бил дијагностициран со рак, но причината за смрт се уште не е откриена.
„Моментално сум целосно чист. Единствена вистина во животот е дека се раѓате и умирате. Секогаш веуваме дека ќе живееме засекогаш. Смртта никогаш не ја прифаќаме. Но, по вакви предупредувања, учите да го цените секој ден“, рекол за Internation Business Times во јуни минатата година.
Подолу можете да ги видите креациите назад низ времето на црвениот тепих на Де Ла Рента, од Никол Кидман, Опра Винфри, и многу други. (Галеријата е долга, но веруваме дека ќе сакате да ја изгледате цела, сепак, тој е еден од најголемите дизајнери на сите времиња!)