Славните се лица кои постојано се изложени на јавна критика и пофалба.
Но, понекогаш и на голем сеир, особено после некој волку лош бисер. Во продолжение, ги пренесуваме најдобрите меѓу нив.
Арнолд Шварценегер
Овој актер и поранешен гувернер на Калифорнија не знае што претставува геј бракот.
-Мислам дека геј браковите се нешто што треба да се случува помеѓу мажите и жените – изјави тој. Врз основа на ова негова изјава доаѓаме до сознание дека Шварценегер не разбрира што значи геј заедница или смета дека геј бракот може да постои доколку се трансформира во стрејт брачна заедница, помеѓу мажот и жената.
Џастин Бибер
Бибер кој што е миленик на тинејџерките, многу пати до сега се засрамил, но една од неговите најголеми глупости е изјавата по посетата на музејот на Ана Франк.
-Ана беше прекрасна девојка. Се надевам дека и таа би била Белибер- рекол Џастин.
Овој коментар само го покажува незнаењето на Бибер и колку тој е свесен за ситуацијата во која била Ана Франк. Инаку „Белибери“ се неговите најголеми обожаватели и следбеници.
Рис Витерспун
Актерката Рис Витерспун при една полициска контрола , во момент кога под дејство на алкохол управувала моторно возило, во своја одбрана навела дека е американски државјанин.
Мараја Кери
-Кога и да ги видам сите оние сиромашни и изгладнети деца на телевизија не можам а да не заплачам. Мислам дека и јас би сакала да бидам толку слаба но без оние муви, смрт и сите останати работи околу -изјавила Кери.
Бритни Спирс
-Имам можност да патувам на многу прекуморски места, како што е Канада – е изјавата на Спирс.
Во една прилика изјавила и дека не оди во Јапонија бидејќи не ја сака рибата која што е доста популарна во „Африка“.
Кристина Агилера
-Каде оваа година се одржува Канскиот фестивал – прашала во еден момент Агилера.
Мајк Тајсон
-Претпоставувам дека само ќе исчезнам во Боливија – рекол Тајсон.
Канје Вест
-Мразам кога летам со авион и се будам со шише вода до мене. Супер сега уште морам да се грижам за шишето со вода – рекол тој.
Ким Кардашијан
-Мој татко или Исус или Мерлин Монро. Не можам да се одлучам.“
Кардашијан требало да избере најдобар партнер за „селфи“ фотографија, па помеѓу останатите таа го избрала и Исус Христос.
Алиша Силверстон
-Мислам дека филмот „Откачена плавуша“ е доста длабок. Толку длабок што беше доста бавен. Мислам дека леснотијата мора да произлезе од доста длабоко место за да биде вистинска леснотија- наведе таа.
Вака актерката го објаснува влијанието на филмот врз општеството, а поентата на нејзината изјава се уште никој не ја сфатил.
Џејден Смит
-Училиштето е средство со кое на младите им се пере мозокот – рекол Џејден, синот на познатиот актер Вил Смит.