Најголемиот заводник на сите времиња во младоста

Џорџ Клуни е апсолутно еден од најголемите шармери на сите времиња. Тој е роден е на 6 мај 1961 година во градот Лексингтон, во американската државата Кентаки. Татко му, Ник Клуни, е познат американски телевизиски водител. Џорџ Клуни се насочува кон актерската кариера откако не успева да се квалификува за место во безбол тимот „Синсинати редс“.
Клуни е висок 1,80 m и со години наоѓа добро место на скалилата за најубав или најелегантно облечен маж на годината.

Малку познат е фактот дека Џорџ Клуни е внук на познатата американска пејачка Розмари Клуни.

Стапува во брак на 15 декември 1989 со актерката Талин Болсам. По нивната тешка разделба решава да остане вечен ерген. Дури се обложува на 10 000 долари со актерките Мишел Фајфер и Никол Кидман, дека нема да се ожени повторно до 40-тиот роденден. Кога тоа не се случило го обновуваат облогот, но сега е двојно зголемен.

Денес тој изгледа прекрасно, но сте се запрашале ли како изгледал во младоста. Велат ништо не поубаво од изгледот на млад човек. Дали тоа важи и за Клуни?

1985
1985
- Реклама -