Некој би помислил дека најбогатиот човек на светот е секогаш пријателски расположен и нема од што да стравува.
Меѓутоа, неодамна тој изјави во интервју за Vox дека чувствува доста сериозни стравувања во однос на човештвото.
„Веројатноста во рамките на мојот живот да се случи голема епидемија, и тоа, многу посериозна од оваа со ебола, е над 50%.”
Гејтс има 59 години. Тоа значи дека според неговите очекувања, може да има некаква епидемија во текот на следните неколку децении.
Ова е особено застрашувачки, вели Гејтс, имајќи го во предвид начинот на кој се реагираше на последната епидемија. Случајот со ебола минатата година покажа колку е неподготвен светот за справување со заразната болест.
Според мулти милијардерот, ние на многу начини денес сме дури поранливи на инфективни катастрофи. Гејтс изјави за Vox дека според неговите модели, денес 50 пати повеќе луѓе ги преминуваат границите на сопствените држави, отколку во 1918 година. Поради ова и други фактори, Гејтс смета дека следната епидемија би можела да убие 33 милиони луѓе за 250 дена, или сликовито, колку што е населението на Канада.
„Во однос на дистрибуцијата, ние ја направивме најопасната средина во историјата на човештвото”, завршува Гејтс.