Најголемиот Хотел од мраз во светот

Секоја зима, уметници од целиот свет доаѓаат во Јукасјарви, во северна Шведска, и со заеднички сили работат на проектот кој со текот на годините стана познат како Хотел од мраз.Тој е првиот и најголемиот хотел во светот кој е изграден од мраз и снег. Јукасjарви е мало село кое брои вкупно 900 жители и 1000 кучиња.

Секоја зима, околу 50 000 посетители од целиот свет доаѓаат да ја видат оваа неверојатна туристичка атракција. Целиот проект се простира на површина од 5500 метри квадратни, а е изградена од 2000 тони мраз, и од 30 000 тони мешавина од снег и мраз која ја зајакнува и зацврстува структурата на хотелот.

Околу 100 луѓе се вклучени во хеговата изградба, од кои половина се уметници кои се поканети за да се погрижат за дизајнот на одредени области.

Изградбата на хотелот е целогодишен процес. Во март и април, 4000 тони мраз се собираат од реката Торн и се чуваат во ладилници во текот на летото. Изградбата се одвива во ноември и декември, а целиот Хотел од мраз е отворен од декември до средината на април, кога полека структурата започнува да се распаѓа и топи.

Влез

Спални соби

Бар

Спални соби

Црква

Рецепција

Спални соби

- Реклама -