Сон Дунг се наоѓа во виетнамскиот национален парк Фонг На Ке Банг и е најголемата пештера во светот. Толку е длабока што во неа може да се изгради 40-катна зграда. Долга е 9 километри, а во неа има џунгла и река. Неверојатното чудо на природата беше открино пред само 4 години, а за туристите ќе биде отворена во 2014 година.
Џунглата, која истражувачите ја нарекуваат Garden of Edam, е населена од мајмуни и летечки лисици. Вистински подземен свет богат со бисери – калцит кристали формирани низ вековите. Тука може да се најдат и фосили стари 300 милиони години. Околу реката и водопадите се открини и нови видови.
Еве прилика да ѕирнете во длабочините на Сон Дунг. Навистина е уникатно искуство