Иако организациите за заштита на човековите права не се сложуваат со тоа, ФБИ соопштуваат дека две години по ред најголем број злосторства се извршени поради омраза и нетрпеливост, особено кон припадниците на други раси, други религии, како и на ЛГБТ заедницата.
Според извештаите на ФБИ, во САД, во 2016 биле извшени 6.100 злосторства (убиства, физички напади…) од омраза, а во повеќе од 4.000 мотивот е омраза на основа на боја на кожа. На светско ниво овој број е доста поголем.
Најчести жртви на основа на омраза кон раса се припадниците на афро-американската група, додека на основа на религија Евреите.
ФБИ нагласуваат дека овие податоци не се целосни, бидејќи останале уште полициски станици низ САД кои не дале целосна информација за вакви кривични дела, а недостигаат и податоците на светско ниво.
Голем број здруженија за заштита на малцинства сметаат дека овие резултати се нерелевантни, но и покрај тоа ФБИ нагласува дека се работи само за обработени податоци од ограничен број на полициски станици.