Најекстремните методи на воспитување

Повеќето мајки  воопшто немаат идеја што да прават со своите деца.Обично само им велат да одат да си играат, го држат  кибритот на скриено место, а шкафот со алкохолот – заклучен. Можеби тоа е  добро, бидејќи кога татковците ќе  одлучат да ги превземат работите во свои раце, истите може да станат малку чудни. Погледнете  колку  чудни:

3. Таткото, кој му  зборувал на синот само на Клингонски

St1-klingon

Интересно е што децата кога се најмали, со нив можете да правите секакви социјални експерименти.  Имате сопствено човече, па зошто да не се забавувате  со него? Така Дармонд Спијрс одлучил дека наместо да го учи неговиот син Алек на традиционален странски јазик како шпански или германски, тој ќе му зборува само на Клингонски.Чисто, за да види што ќе се случи.
Проучувајќи ја лингвистиката во Џорџтаун, Спијрс бил љубопитен да види дали измислен јазик како Клингонски би бил тежок за детето, повеќе од  вистински јазик. Во првите години од животот, малиот Алек ја слушнал  неговата мајка како зборува на англиски, а неговиот татко произведува  чудни звуци. За среќа, со текот на времето Алек се насочил кон англискиот и не избрал да биде меѓу десеттемината во светот кои зборуваат Клингонски.

2. Татко го направил своето бебе билдер

836215993

Во средината на 90-тите години, украинскиот имигрант и инструктор за боречки вештини Пабло Сандрак решил да го унапреди својот син Ричард во мало мускулето бебе, можеби, бидејќи тој самиот бил средовечен човек без забележителни таленти.

Пабло почнал да го изложува Ричард на секојдневни вежби, за да му  ја подобри флексибилноста, иако имал  само 2 месеци. Штом неговиот син  почнал да  учи  боречки вештини, тие преминале на  бодибилдинг. Така се појавило детето за чии што фотографии можете да се заколнете дека се монтажа или фотошоп, но ќе згрешите.

На 8 години, Ричард може да крене  95кг – три пати повеќе од сопствената тежина. Тоа ја  стекна титулата „Најтешко момче во светот” и стана вистинска ѕвезда.

1. Татко решава да ги одгледа своите деца како велемајстори уште пред да се родат

00046749

Лазло Полгар, психолог од Унгарија, верувал во идејата дека генијалноста е нешто што луѓето го учат, а не функција по раѓање. Тој решил да ја тестира оваа теорија врз сопствените деца. Сакал да види дали ќе успее да ги претвори во брилијантни шахисти, ако ги изложува на играта уште од најмала возраст, а потоа ги обучува постојано во детството. Проблемот бил дека тој немал деца.  Лазло измислил експеримент, зависен целосно од тест субјекти кои не постоеле.

Било време да се фати за работа, па  по некое време  неговата сопруга родила  три деца и Лазло имал се што е потребно за експериментот. Не тврдиме дека единствената причина да има деца била само за да ја тестира својата теза.

Шокантно сепак, Лазло се покажал помалку луд отколку што би очекувале – и трите негови ќерки  станаа велемајстори, а едната дури е во светскиот топ 20 и се смета за најголемата жена играч на сите времиња.

 

- Реклама -