Микроскопските фотографии ни даваат неверојатни прегледи на секојдневните предмети, егзотичните места, па дури и некогаш на нас самите, иако не сме ни свесни колку убаво може да изгледа тоа.
Но кога ќе им додадеме движење на овие слики, тие стануваат „живи“ на неверојатен, прекрасен и понекогаш морничав начин.
Минатата година Nikon додаде и категорија „видео“, во неговиот децениски стар натпревар за најдобри микроскопски фотографии.
Видеата кои оваа година беа одбрани изгледаат фасцинирачки. Како едни од темите кои ги одбраа натпреварувачите се најдоа микроскопски видеа од сперма, отчукување на срце, раст на мозокот итн.
1 Место: „Лошо претчувство“ – Олена Каменјева, Национален институт за здравство, Бетесда, Мериленд.
Предмет: Регрутирање на неутрофилите на местото на ласерска оштета во ингвиналните лимфни јазли на едно глуфче.
Ова видео го покажува имунолошкиот одговор во лимфните јазли на глувчето, кога ќе се активира ласерот.