Најдобрите пластични операции во Холивуд

И додека повеќе се пишува за неуспешните пластични операции, некои ѕвезди сепак поминале подобро.

Малите модификации ги однесоа нивните кариери во невидени височини!

Ако нешто ти пречи, промени го! Многу ѕвезди го менуваат својот имиџ, стил, а често завршуваат и на операционата маса за да ги исполнат критериумите во фабриката на соновите. Во Холивуд нема место за лузни, а овие познати убавици дале сè од себе за да изгледаат најдобро и да се чувствуваат подобро во своја кожа.

1. Жизел Бундхен

Познатиот бразилски модел се прослави со своето тело, но малите модификации на носот навистина прават разлика. Убавата Жизел наводно ги зголемила градите, а со јогата научила да го сака своето тело и да го оддржува витко и по две бремености.

View image on Twitter

 

2. Џенифер Лопез

Сите кои ја виделе познатата пејачка се прашуваат што таа користи за да изгледа така добро? Иако таа негира било какви пластични операции направени на неа, фотографиите „пред и потоа“ го докажуваат спротивното. Џеј Ло го истенчила носот, а наводно имала и операција на брадата додека свежиот затегнат излгед го одржува со мали количини на ботокс.

3. Џенифер Анистон

Познатата актерка носот го оперирала уште во деведесеттите години. Поради носот таа два пати завршила на операционата сала бидејќи не била задоволна со првичните резултати. За својата младоликост може да се заблагодари на новата технологија, а таа изјавила дека посетува ласерски третмани за отстранување на дамките и ја подмладува кожата.

4. Блејк Лајвли

Младата актерка која се прослави во серијата „Gossip Girl“ денес е една од најсјајните гламурозни диви во Холивуд. Со мали промени на носот изгледа попрефинето и многу природно.

5. Ким Кардашиан

Иако никогаш не потврдила дека го оперирала носот, фотографиите од минатото кажуваат повеќе од зборовите. Ким денес е вистинска фабрика за правење пари благодарение на своето лице и тело, па нејзината инвестиција многу се исплатела.

View image on Twitter

- Реклама -