Оваа седмица на регионалното шоу X Фактор, кое се одржува во недела и понеделник, играта заврши за Никола Марјановиќ и бендот АнџелиНЕ.
Но тие не се најдоа во нашиот избор за најлош настап, особено не Никола, кој беше еден од нашите најголеми фаворити. Сепак, публиката секогаш го има последниот збор и според гласовите сликата е поинаква од нашата.
X Фактор на денот, од оваа седмица ни е настапот на Боби Мојсовски, со песната „Остани“.
Од друга стана, најневпечатлив настап оваа седмица имаше борецот Kaтарина Симиќ, како што ја нарекува нејзиниот ментор.
Во нашата конкуренција за X Фактор на седмицата се најдоа и испаднатиот Никола, Амел, Магдалена и 9 control.
Со нетрпение го очекуваме следното шоу, како и нашата нова листа.