На сите им е веќе преку глава дојдена „Гангам“ еуфоријата која во текот на минатата година завладеа низ целиот свет. Му здодеа дури и на самиот Псај.
Но, последната преработка од двете сестри Соња и Џенис, познати под името „Jayesslee“, докажа дека вредеше да слушнеме уште една нејзина преработка, која верувале или не, звучи прекрасно. 26-годишните близначки звучат еднакво добро колку што и изгледаат.