Новата реклама на Хонда ја слави љубопитноста на инжинерот која довела до некои неверојатни иновации во изминатите 65 години. Рекламата претставува еден вид на мини приказна за пријателската технологија, корисниот дизајн и силата на соништата од перспектива на инжинерот. Целата идеја е поттикната од изјавата на Соичиро Хонда која гласи: „Инжинерите ја претвараат имагинацијата во нешто реално и корисно“.
[youtube]http://youtu.be/Dxy4n0UT82o[/youtube]