Актерката Сандра Булок изгледаше среќно на вечерата со новото момче, фотографот и модел Брајан Рендал.
Прв пат по пет години од многу болниот развод од Џејси Џејмс, Сандра Булок е во друштво на еден маж и е видно насмеана и многу среќна. А кога ќе видите за кого станува збор, се’ ќе ви биде јасно.
Фотографот Брајан Рендал работи и како модел, што е сосема разбирливо со оглед на неговиот добар изглед.
Овој човек изгледа фантастично, а тие двајца се видени на вечера во еден ресторан во Холивуд, беа многу блиски, а Сандра постојано се смеела.