Најчуваните холивудски тајни

Иако многу тајни излегуваат во јавност, некои холивудски ѕвезди, сепак, успеваат да ја сочуваат приватноста. Се сеќавате на ситуацијата со Шварценегер, разводите или посвојувањето на Сандра Булок?

Животот на холивудските ѕвезди се одвива пред нашите очи, милиони луѓе во светот го следат секој нивен чекор. Во ретки ситуации славните, сепак, успеваат да сочуваат малку приватност, но тајните кога тогаш излегуваат на виделина.

Овие денови секако главна тема е Анџелина Џоли која со својата храбра одлука го шокираше светот. Двојната мастектомија, а наскоро и отстранувањето на јајниците беа нејзин избор за да ја минимизира можноста од заболување од рак на дојка од што починала нејзината мајка. Јавно проговори за целиот процес затоа што сака да ги освести жените ширум светот за можностите што ги имаат.

173-angelina-jolie-1354205219

А дали сте знаеле дека и убавата актерка Софија Вергара преживеала рак во 2000 година? Го криеше тоа се до 2008 година. „Не сакав публицитет. Да се има рак не е воопшто забавно. Не сакаш да се соочуваш со било што друго“, рекла тогаш.

a

На листата на најдобро чувани тајни се најде и актерката Сандра Булок која со месеци криеше дека е разведена со Џес Џејмс кој ја изневери, а во меѓувреме го посвои Луис. Слично направи и актерката Шарлиз Терон која две години по Сандра го посвои Џексон.

Sandra Bullock takes great care as she carries sleeping baby son Louis round the store 1

Големо изненадување за јавноста приреди и актерската двојка Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс. Никој не знаеше дека воопшто се заедно кога ја објавија свршувачката, а потоа и свадбата.

Сигурно сите се сеќавате кога се откри големата тајна на Арнолд Шварценегер за неговата афера со куќната помошничка Милдред Баен со која доби и син. Откако тајната излезе во јавност Марија Шривер побара развод.

Schwarzenegger_1899471c

И сопругот на Гвен Стефани, Гавин Росдејл имал бурно минато. Во 2004 година ја призна ќерката Дејзи Лав која ја добил по романсата со Перл Лав.

Никол Кидман своето прво дете го роди во 2010 година, додека второто го доби во тајност благодарение на сурогат мајка. Долго време ја чуваше оваа тајна од јавноста.

KIDMAN-KIDS

Семејни афери во Холивуд

Сигурно ќе се зачудите кога ќе го слушнете ова! Актерот Џек Николсон израснал мислејќи дека неговите баба и дедо се негови родители, а дури во 1974 година дознал дека за жената за која мислел дека му е сестра е всушност негова мајка. Баба му и дедо му починале, како и неговата вистинска мајка, а Џек никогаш не дознал кој е неговиот вистински татко.

Jack Nicholson Sighted Arriving at Mr. Chow in Beverly Hills on August 2, 2012

По 43 години заеднички живот изгледало дека родителите на Џесика Симпсон имаат совршен брак. Но, Тина Симпсон поднесе барање за развод од Џо, поранешен пастор кој испаднал геј.

jessica-simpson-parents-joe-simpson-tina-divorce

И Кејти Холмс успеа во тајност да го испланира целиот процес на развод од сопругот Том Круз.

Некои тајни чекаат да бидат откриени…

- Реклама -