Најшокантните ресторани: Тоалет чинии, декоративни гробови, светци

Одејќи кон некој од овие  ресторани, човек треба да се очекува се ‘- од вечера во целосен мрак, до тоалет чинија наместо стол или „декоративни” гробови.Погледнете Топ 10 на  невообичаените тематски ресторани во светот.

Мрачна атмосфера

1restoran

Најдобриот  американски ресторан „Во црно” (Dans le Noir) е мрежа ресторани лоцирани во Париз, Москва и Лондон. Главна карактеристика на локалот е дека посетителите избираат маса, порачуваат и седнуваат да јадат во целосен мрак. Телефоните и другите  уреди се ставаат во гардероба уште со влегувањето – за да не ја уништат атмосферата.

Без непотребни церемонии

2restoran

„”Последното прибежиште на Дик” (Dick’s Last Resort) е мал бар-ресторан во САД. Тоа што го прави специфичен се  страшната услуга и вулгарните украси. Масите тука се сервираат како за пикник – без чаршафи, без мени, сите јадења се едноставни и стандардни. Вработените напорно се трудат да ги изнервираат гостите на ресторанот, па дури и да ги навредуваат. На пример ако некој побара  салфетки, келнерот ќе ги фрли грубо на неговото лице. Облеката на вработените содржи капа, во форма на кондом.

„Раздавки“ за мртвите

3restoran

Ресторанот „Вечност” (Вiчнiсть) се наоѓа во украинскиот град Трускавец и е опремен со .. ковчези. Сопствениците на локалот го поседуваат и Бирото за погребални услуги. Овој метод за привлекување на туристи им се чини сосема соодветен. Во гробовите  на ресторанот гостите можат да си порачаат салата „Девет дена”, „40 дена” или специјалитет „Ќе се сретнеме во рајот”.

Вечера помеѓу небото и земјата

4restoran

Белгискиот ресторан „Вечера на небото” (Dinner in the Sky) е предвиден за посетители, на кои им е преку глава да стојат затворени меѓу четири ѕида. Долгите маси, поврзани со столчињата, се обесени со помош на градежен кран во воздухот. Можете да вечерате „на небото” само во Париз, Брисел, Њујорк и над Нијагарините водопади.

На гости кај Хобитите

5restoran

Во  ресторанот „Куќата на хобитите” (The Hobbit House) ќе бидете послужени од страна на келнери-џуџиња. Туристите доаѓаат во локалот да слушаат музика, да уживаат во софистицираната кујна, а  се разбира тоа се   должи на гостопримството на локалните „хобити”.

На една трпеза со светците

6restoran

За Јапонците христијанството се уште е егзотична и чудна тематика. Сепак за приврзаниците на западната религија веќе има доволно тематски локации. Во Шинджуку на пример има „Христијанско кафе” (Christian Cafe), украсено како параклис.

Седенки врз костури

7restoran

Индискиот ресторан „Нова среќа” (New lucky) се фали со млечниот вашиот чај, како и гробовите, распоредени крај масите. Сопствениците на локалот  ставиле толку необични „украси” во спомен на тоа дека на оваа земја некогаш имало муслимански гробишта. Дрвените капаци на ковчезите се насликани во зеленабоја  и сопственикот  секој ден става врз нив букети суво цвеќе.

Забрането за претенциозни

8restoran

Гостите на тајванскиот ресторан „Модерен  тоалет” (Modern Toilet) се хранат, седејќи на стилски тоалет школки со интересни орнаменти. Чиниите и чашите исто така стилизирани како бидеа од бања. Според зборовите на сопственикот  на Modern Toilet ресторанот во принцип бил замислен како „шокантен” и „вознемирувачки”.

Крстот на Хитлер

9restoran

На логото на индиското кафуле, порано  познато како „Крстот на Хитлер” (Hitler’s cross) ќе видите испишана нацистичка свастика. Сопственикот Пунит Саблок не гледа  никаков проблем  во името на локалот и дури се надева дека светски познатото име ќе привлече повеќе клиенти. По бројните поплаки од страна на индиски и германски дипломати, Еврејската заедница и организација ADL Саблок ресторантот неодамна беше преименуван во „Крст” (Cross).

Највкусното суши

10restoran

Јапонскиот стил на сервирање nyotaimori предвидува јадење суши од апсолутно голо човечко тело. Основните барања за „чиниите” се убавата фигура, добрата лична хигиена и вештината да лежат неподвижно долго. Живите „чинии“ се принудени да лежат, без да мрдаат во текот на еден час и да се смешкаат на клиентите, без да затреперат од студените или топли јадења по нивната кожа.

- Реклама -