Најбрзиот рецепт: Тирамису за 28 секунди (видео)

Ви се јаде нешто благо и брзо? Нема да најдете ништо побрзо од рецептот на славниот готвач Гордон Ремзи. Пробајте го неговото тирамису што се спрема за 28 секунди.

Состојки: 120г шеќер во прав, 300г шлаг, екстракт од ванила, 250г Маскарпоне сирење, пишкоти, 1 лажица црно јако кафе

Подготовка: Во сад ставете ги шеќерот во прав, додајте го шлагот и добро измешајте. Во друг сад ставете го сирењето и екстрактот од ванила и добро измешајте. Мешавината со Маскарпоне додајте ја во шлагот и се заедно добро изматете со миксер.

Пишкотите преполовете ги на пола, натопете ги во подготвеното кафе и ставете ги во чаша или друг сад за послужување. Над нив прелијте ја смесата и одозгора изрендајте црно чоколадо.

Прочитајте и:  Четири грешки кои предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта: Многу луѓе не ни сфаќаат дека ги прават

[youtube]http://youtu.be/6DTVQnsVlJk[/youtube]

Добар апетит!

- Реклама -