Во популарната американско – шпанска драма „Вики, Кристина, Барселона“ на легендарниот режисер Вуди Ален се прикажани најубавите локации во главниот град на Каталонија.
Еве ги местата каде што се снимени повеќето сцени и кои откако ќе ги видите во филмот од 2008 година вреди да ги посетите во Барселона!
Lа Sagrada Familia
La Sagrada Familia или Катедралата на светото семејство се смета за симбол на Барселона и е најпознатата градба на архитектот со чуден талент Антонио Гауди.
Casa Mila
Casa Mila е уште едно препознатливо место на градот. Всушност ова е последниот проект на Гауди пред целосно да се посвети на работата на Катедралата.
Fundacio Antoni Tapies
Галеријата на современа уметност се наоѓа во регионот Passeig de Gracia каде според сценариото во филмот главните хероини Вики и Кристина за прв пат го среќаваат Хуан Антонио.
Els Quatre Gats
Ресторанот чие име се преведува како „Четири мачки“ е еден од најпозатите боемски места каде еден век наназад се среќавале претставниците на каталонската елита. Дизајнот на менито бил изработен токму од познатио Пабло Пикасо кога бил сосема млад.
Park Güell
Паркот Гуељ е уште едно ремек – дело на архитектот Гауди кој го замислил како модерен регион за живеење, но локацијата била пренаменета во парк за прошетки.
Sant Felip Neri
Sant Felip Neri е еден од најстарите плоштади во Барселона. Токму тука, на балконот на еден од најскапите хотели во Барселона е снимана една од сцените во филмот.
Parc D Atraccions del Tibidabo
Забавниот парк кој е лоциран на ридот Тибидабо е стар околу едно столетие.
Parc de la Ciutadella
Паркот со живописна природа е местото каде е снимана една од сцените во филмот.
La Rambla
Булеварот е всушност централна улица на градот и прибежиште на туристите, уличните актери и продавачите на сувенири.
Museu Nacional D’Art de Catalunya
Националниот музеј на уметноста на Каталонија се наоѓа во подножјето на ридот Монжуик.