Еден од релативно новите ѕвездени парови – Ирина Шајк и Бредли Купер разменуваа страсни бакнежи во Италија за време на летниот одмор, а папараците успеаа да ги уловат.
На фотографиите јасно се гледа дека двајцата не можат да се наситат еден на друг и се лудо заљубени, со тоа што не се срамат од љубопитните погледи на фотографите.
Ѕвездите дури носеа костими во иста боја – темно портокалова.
Потсетуваме дека Бредли Купер и Ирина Шајк беа фотографирани заедно за прв пат во мај и оттогаш не кријат дека се заедно, а истовремено се претворија во една од двојките кои не се срамат да ја покажат својата љубов и на јавни места.