Додека пред неколку дена во Беверли Хилс се ширеа гласини дека нејзината веридба со Ник Лоеб е прекината, сега на нив им стави крај покажувајќи го големиот дијамантски прстен.
Во понеделникот, Софија Вергара не остави место за сомнеж за статусот во врската со нејзиниот љубен бизнисмен, објавувајќи фотографија на Инстаграм облечени во костуми за капење на нивниот одмор во Мексико.
Во секси фотката, Вергара носи оскудни бикини, со кои го нагласува својот овален задник позирајќи до Ник кој ја држи близу. Насловот на сликата гласи: „Ништо како Мексико!!“
Софија и нејзиниот 38-годишен вереник станаа предмет на гласините откако беше забележана како вечера со пријател во Западен Холивуд, Калифорнија, без нејзиниот веренички прстен.
Гласините добија на интензитет и откако Софија и Ник Денот на благодарноста го поминале одвоени. Но, изгледа дека Божиќ ќе го поминат заедно неделава.
Софија и Ник се верија минатата година додека го славела 40-тиот роденден, и според E! Online, запросувањето било исто така во Мескико.