Шарлот Лос тврди дека таа била три години во врска со пејачот, неговата сопруга знаела за тоа, но се правела дека не гледа.
Шарлот Лос проговорила за својата тригодишна врска со славниот пејач Том Џонс.
Таа го запознала кога имала 18 години и токму тој бил оној кој ѝ ја одзел невиноста. Тврди дека бил вистински господин.
Том Џонс е познат како женкар, постојат тврдења дека на врвот на својата слава спиел со 250 девојки годишно.
Том за својата љубов од училишните денови се оженил кога имал 16 години. Сопругата Линда знаела за сите негови прељуби. Без оглед на тоа, нивниот брак ги издржал сите искушенија.
Шарлот вели дека Том за својата сопруга секогаш зборувал со почит, не се дрогирал и не пиел, а Линда сè толерирала.
Шарлот го запознала семејството на Том, а во клубовите често го прашувале Том дали таа е неговата сопруга, а тој одговарал дека не е, но на прашањето дали е негова жена, тој одговарал потврдно.
Лос вели дека во трите години љубовна врска тие се сретувале на секои два до три месеци, а таа ја има документирано секоја средба. Последен пат се сретнале во 2010 година, и тврди дека останале пријатели.