Ако досега не сте забележале, имајте во предвид дека речиси секогаш ѕвездите носат видливо поголеми чевли на црвениот килим. Дали е тоа намерно или пак не? Еве неколку логични објаснувања зошто ѕвездите носат вакви чевли.
Во светот на Холивуд малите димензии се дефицит, а ѕвездите носат чевли на заем по повод големите настани. Затоа чевлите речиси никогаш не им се по мерка.
Кога модните стилисти на ѕвездите избираат чевли за своите клиенти, обично се ограничени во изборот помеѓу 2-3 големини. Само во изложбените сали, каде што се наоѓаат најновите колекции на водечките модни брендови, има примероци, кои обично се со големина над 40. Причината за огромните димензии на примероците се всушност големите стапала на моделите ( Ел Мекферсон носи шокантен 44 ), кои треба да ги достават новите колекции на модна писта.
Друга причина за овој „феномен“ е тоа што всушност ѕвездите немаат ништо против да носат малку поголема големина чевли на социјални настани, така што ги штитат стапалата од плускавци и ранички.
Друга причина е тоа што со изборот на поголеми чевли, ѕвездите имаат за цел и да создадат илузија дека всушност стапалото им е помало. Но, зошто ѕвездите сакаат стапалата им да изгледаат помали? Па од проста причина што повеќето ѕвезди имаат доста големи женски стапалата. Така на пример Кејт Винслет и Парис Хилтон носат 43, Џесика Биел и Кира Најтли носат 40, Ева Мендес – 41.
Листата со „Големиот чекор” меѓу ѕвездите е бескрајно долг.