На светот веќе има повеќе паметни телефони отколку луѓе

За прв пат бројот на активни мобилни уреди кои ги определуваме како „паметни”, го надминува бројот на луѓе што живеат на планетата, пишува CNET.

Според статистичката служба на САД во моментов на Земјата живеат 7,2 милијарди луѓе, со тоа што оваа бројка расте со двајца луѓе во секунда или со 1,2 проценти годишно.

Податоците на компанијата за анализа на мобилниот пазар GSMA покажуваат дека во моментов на глобално ниво функционираат над 7,2 милијарди SIM картички и бројката расте пет пати побрзо од светското население. И додека активните SIM картички се повеќе од луѓето, помалку од половина жители на планетата имаат мобилна претплата, што значи дека на секој активен претплатник доаѓаат по приближно две картички.

„Нема друга технологија која што го постигнала ефектот на мобилните телефони. Тие се најбрзо растечкиот феномен, создаден од човекот – од нула до 7,2 милијарди за три децении “, вели Кевин Кимберлин, претседател на Spencer Trask & Co.

Компанијата на Кимберлин е првичниот инвеститор во Millicom,  фирма која работи за да обезбеди мобилни поврзувања во земјите во развој со помош на партнерства со гиганти како Facebook.

phoneaddiction-700x325

- Реклама -