Со мало пет-месечно девојченце дома, јасно е дека Ким Кардашиан не може да спие колку што спиела пред малата Норт Вест да влезе во нејзиниот живот.
А токму тоа и беше видливо на нејзиното лице откако 33-годишната Ким Кардашиан беше снимана за време на ручек и шопинг со своја пријателка во Беверли Хилс.
Но, и покрај очигледните непроспиени ноќи и тешките први месеци од мајчинството, Ким тоа не ја обесхрабрува и во јавноста излезе информација дека со кајне планираат уште едно дете. На тоа прашање ќе почнат да работат во текот на летото, после нивната свадба.
„Тоа е сѐ за што сте мечтаеле“, изјавила неодамна Ким за мајчинството. „Тоа е најубавото чуство. Тоа е најубавата работа која можете да ја работите и препорачувам на секого да пројде низ тој процес„, заклучи Ким на својата нова улога која ѝ го променила животот.